Опасна игра на ВМРО ДПМНЕ со малолетници

Наводно во име на народот, млади јуришници инструирани од гласни поддржувачи во медиумите блиски до ВМРО ДПМНЕ, одат по домовите, работните места или кафеаните каде што седат членови на СДСМ или критички новинари и ги напаѓаат.

Денеска  се случи неверојатен настан во ресторанот Воденица, кога малолетник дошол следен од уште едно лице кој го снимал инцидентот и првин нарекувајќи го предавник, потоа го плукна ниовинарот Борјан Јовановски во лице по што го напушти местото. Овој случај Јовановски сам го објави на својот ФБ профил , а Миленко Неделковски со коментар ја објави снимката на својот ФБ профил. Порталот Инфомакс на Наталија Ивчева кој пак се закануваше дека во Собрание ќе мириса на барут ако СДСМ се обиде да формира Влада без да го добие мандатот од Иванов, напиша:

,,КОГА ТОГАШ, НАРОДОТ ЈА ЗЕМА ПРАВДАТА ВО СВОИ РАЦЕ: Борјан Јовановски доби плуканица в лице од народот!

 Еден од најгласните поддржувачи на СДСМ, човекот кој со години е финансиран од фондовите на Сорос и УСАИД, но и неколку други странски амбасади, денес беше цел на гневот на народот

 

Неколку млади момци, го истурија својот револт, овој пат само со вербално предупредување, плукајќи го во лице соросоидниот експонент Борјан Јовановски кој во интервју на Ал Џазеира ги нарече Македонците „измислена нација на Славомакедони“, но и редовно ја критикува и навредува државата со помош на неговата сестра преку лажното изветување за состојбите во државата пред меѓународните организации.

Денес, граѓаните започнаа да ја земаат правдата во свои раце“-констатира Ивчева и најавува дека ,,засега тоа е само вербално“ што индицира дека наскоро ќе биде и физички.

Магдалена Несторовска која беше во кабинетот во МВР кога министеруваше Оливер Спасовски и е советник во општина Карпош на својот ФБ профил објави дека малолетник и пришол и и се обратил со зборовите-Нели ви е срам што ја продадовте Македонија?Таа објави фотографија од младото момче.

Вчера, новинарот Бранко Тричковски објави дека малолетници со качулки му дошле на врата и исто така го обвиниле дека е предавник и го навредувале со погрдни зборови.

Вработен во град Скопје, според се уште непотврдени информации, ја нападна екипата на А1он и им нанесе телесни повреди на новинарот и снимателот.

Ова се опасни игри и злоупотреба на малолетници и млади луѓе. Доколку некој не се свести на време, може да се случат  ситуацијата  да излезе од контрола и да има несогледиви последници.