Оперската дива Инва Мула ги урна рекордите на посетеност во ,,Света Софија“ на Охридско лето

Балканската дива, сопранот Инва Мула, една од врвните исполнители на класичното пеење во денешницава, со синоќешниот концерт во „Света Софија“, ги симна досегашните рекорди во посетеност на овогодишното „Охридско лето“.


Во ,,Света Софија“ се внесуваа дополнителни столици и за прв пат беше исполнета и галеријата на катот.


Мула настапи заедно со нејзината колешка од Македонската опера и балет, сопранистката Дешира Ахмети и тенорот Ѓорѓи Цуцковски, во пијано придружба на Генц Тукичи.


-Почестена сум од настапот на „Охридско лето“, манифестацијата која веќе шест децении ја слави уметноста, а на која, настапи и мојот татко, како и таткото на Тукиќи во 1970 година – изјави Мула.


За големата сопранистка, како што изјави, особено изненадување е присуството на млади луге, структурираноста на публиката.


– Задачата на уметникот е да го пронајде тоа равенство помегу комерцијалното, односно потребата музиката да се приближи до потребите и навиките на младите, но притоа делото, напишано пред 200, или 300 години да не изгуби од својот квалитет и својата автентичност и класичното пеење.
Мула додава дека тој посакуван спој, досега го постигнал, на најубедлив начин, Павароти, додека за нејзе, дополнителен мотив бил амбиентот, спојот на акустиката и древноста на централниот музички храм на фестивалот – црквата „Света Софија“.

Веле Митаноски