Оперската легенда Пласидо Доминго објави дека има КОВИД 19

Шпанскиот оперски пејач, 79 годишниот Пласидо Доминго, објави дека има коронавирус.

,,Чувствувам дека е моја морална должност да ви соопштам дека сум позитивен на тестот за COVID19, вирусот Корона.

Јас и моето семејство сме сите во изолација онолку долго колку што се смета за медицински неопходно. Во моментот сите сме во добра здравствена состојба, но доживеав треска и симптоми на кашлица, затоа решив да се тестирам и резултатот е позитивен.

Ги молам сите да бидат крајно внимателни, да ги следат основните упатства со често миење на рацете, оддалечувајќи се барем 6 метри од другите, правете сѐ што е можно за да спречите ширење на вирусот и ве молам пред сè да останете дома ако можете!

Заедно можеме да се бориме против овој вирус и да престанеме со сегашната светска криза, и да се надеваме дека многу брзо ќе се вратиме во нашите нормални секојдневни животи.

Ве молиме, следете ги упатствата и прописите на вашата локална самоуправа за да бидете безбедни и да ја заштитите целата наша заедница.

Плесидо Доминго“