Оперскиот пејач Благој Нацоски им ја испеа на Бугарите ,,Ми заплакало селото Ваташа“(видео)

Оперскиот пејач Благој Нацоски, кој живее и работи во Италија, упати порака до бугарската влада и министерката Захариева, кои се обидуваат да извршат влијание и променат историски факти, уценувајќи ја Македонија на патот кон ЕУ. ,,Деновиве ги читам изјавите на бугарските националисти во врска со историјата на македонскиот народ и не можам да се изначудам на нивните небулози. Особено апсурдна е онаа во која ја негираат нивната фашистичка окупација на Македонија. Со ова мое видео сакам да ги потсетам што се случило токму на денешен ден пред 76 години во месноста Моклиште, Тиквешко! Белки како знак на добрососедство и пријателство бугарскиот претседател ќе се поклони пред споменикот во Ваташа и ќе му се извини на целиот македонски народ за злосторите како овој и оној во Дабница во 1942“- напиша Нацоски и со мниогу емоции ја испеа револуционерната ,,Ми заплакало селото Ваташа“..