Оплеменет простор во Капиштец

Просторот на поранешното КТК на подножјето на Водно, под црквата Св. Јован во населбата Капиштец, доби нов изглед и парк. Наместо запуштена јавна површина, обрасната со диви дрвја и грмушки, општина Центар спроведе проект за хортикултурно уредување.

Локацијата на новиот парк е со површина од 640 м2. Засадени се оkолу 400 зимзелени и листопадни садници, од кои 15 листопадни дрвја, останатите се зимзелени и листопадни садници и грмушки. Листопадните дрвја, како Албиција, имаат специфичен розов цвет во форма на паун, цветна слива и гледичија со жолти листови.

Дел од садниците цветаат и ја менуваат бојата, со што даваат колоритна слика на пејсажот.