Опожарени и искршени автомобили во Кавадарци

Во последниве два дена во Кавадарци се случија три уништувања на автомобили. Автомобил марка Дачиа Логан било опожарено синоќа околу 22 часот во Кавадарци.Патничкото моторно возило со кавадаречки регистарски таблички било на улицата Ѓорѓи Соколов број 107. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена. Полицијата работи на расчистување на настанот. Неубави слики се појавија утрово и на улица “Бабуна” , локацијата помеѓу Јан бор и базенот,искршени стакла на автомобил паркиран овде.

Полицијата ги истражува случаите, а во меѓувреме кавадарчани шпекулираат дека станува збор за политичка пресметка и режирани напади за да внесат немир кај населението.