Опозицијата победи во Анкара на локалните избори во Турција

Владејачката Партија на правдата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, го изгуби главниот град на Турција, Анкара, на вчерашните локални избори.

Ова е голем удар за Ердоган, иако неговата партија ги освои најголем број од градоначалничките места.

Опозицијата тврди дека ја однеле победата и во најголемиот град, Истанбул.

Двајцата кандидати имаат освоено по 4 милиони гласови, а разликата е тесна.

Опозицискиот тврди дека има 25.000 гласови повеќе, а кандидат на владејачката партија 4.000 гласови повеќе.

Ердоган прогласи голема победа.