Општина Аеродром жариште на корона вирус во Скопје

Општина Аеродром е со најмногу активни случаи на заразени од корона вирус од сите скопски општини.

Во оваа општина моментално се регистрирани 99 заразени. Сите други општини имаат значително помалку активни случаи, а Чаир која бееше општина со најмногу случаи сега има 55.

  • Чаир – 55
  • Гази Баба – 72
  • Аеродром – 99
  • Карпош – 63
  • Центар – 62
  • Кисела Вода – 57
  • Ѓорче Петров – 34
  • Бутел – 36
  • Шуто Оризари – 23
  • Студеничани – 17
  • Сарај – 16
  • Арачиново – 10
  • Илинден – 11
  • Сопиште – 4
  • Чучер Сандево – 2
  • Петровец – 4
  • Зелениково – 1