Општина Гази Баба заплени еден тон стари гуми подготвени за палење

 

Вчера, општинските инспектори за животна средина запленија 1 тон и 50 кг отпадни гуми во ромското маало на ул.,, Методија Андонов Ченто“, пред бензинската пумпа на Макоил.

Ова е втора акција каде се запленуваат отпадни гуми. Претходно општина Гази Баба, заедно со Инспекторатот на град Скопје, Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007 и МВР  учествуваа во акција на дивата депонија во Вардариште каде беа запленети 1 тон стари и уништени гуми кои се наоѓаа во дворовите на граѓаните, отпад кој досега беше пален на отворена површина, со што значително се загадуваше животната средина.

Вакви акции на инспекторатите ќе продолжат и во наредниот период кои континуирано ќе бидат на терен и ќе ја следат состојбата, соопштуваат од општината.

И понатаму останува апелот, сите граѓани да пријават палење на огнови или опожарување на јавни површини на бројот 193 за да можат институциите навремено да интервенираат.