Општина Гостивар го доби спорот за одземените ингереции, Тараври бара оставка од Министерот за образование

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, ја објави пресудата на Управниот суд, според која Министерство за образование намло надлежност да ги одземе ингеренциите на општината во сферата на назначување на директори на средните училишта.

По ова, градоначалникот на Гостивар ,побара оставка од министерот за образование, Арбер Адеми.

,,Министерот за ,,ингеренции” и ,,докторот за правни науки”, според Управниот суд немал право кога ги одзел ингеренциите за образование на општина Гостивар.
Почитуван ,,доценте” врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси си неотповиклива оставка, не поради мене, туку поради учениците и наставниците во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години!
Правдата излезе на виделина! “-пишува Таравари.

Ова е пресудата што ја објави на својот ФБ профил.