Општина Куманово организираше редарски служби пред банките и супермаркетите

,,Општина Куманово формираше редарска служба од вработените кои од денеска започнаа да вршат редарска контрола на најпрометни места во градот, во соработка со СВР Куманово, при што поделивме и заштитни маски за граѓаните. Од утре свое учество во овие тимови ќе земе и Армијата“-информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Општина Куманово на денешната седница ги донесе следните препораки, заклучоци и мерки:

1. Предлог до Министерство за здравство и Министерство за труд и
социјална политика да го регулираат со препорака правото на користење на помош и нега за друго лице, лицата да не одат на преглед и да не закажуваат термин преку Мој термин бидејќи ќе им биде продолжено правото на користење сѐ додека трае вонредната состојба.

2. На барање на ЈЗУ Општа болница Куманово, штабот препорачува
матичните лекари при упатување на пациенти на Инфективно одделение при ЈЗУ Општа болница Куманово истите да ги праќаат со упати за лабораторија и рентген за да не се губи време за дијагностицирање, туку докторите веднаш да ги прегледааат и да знаат дали да ги остават на болничко лекување или на домашно лекување.

3. Да се преиспитаат боледувањата кои што матичните лекари ги пишуваат на здравствените работници, припадници на армијата, полициски службеници и административни службеници кои што во случај на вонредна состојба се потребни за организирање во институциите бидејќи постои сомнение за евентуална злоупотреба на боледувања.

4. Да се информираат сите правни субјекти кои учествуваат во акција за доставување на неопходни продукти на граѓаните на домашна адреса за време на траење на полициски час, и истите ќе бидат контактирани од технички служби на Општински штаб за заштита и спасување заради регулирање на необлигациите во врска со доставите

5.Општински штаб за заштита и спасување повторно бараме во целост да се испочитуваат законските регулативи, особено вршење на дезинфекција, од страна на управителите на станбените згради на територија на општината.

6.Барање до ЈП „Чистота и зеленило“ да продолжи со дезинфекција на јавно прометни површини во градски, приградски населби и села во Општина Куманово по редослед на приоритети добиени од ОШЗС.

7. Барање до Влада на Република Северна Македонија да го регулира со акт вклучувањето на припадниците на АРСМ во редарски тимови на ОШЗС во градот за да се спречи создавање на метеж пред банките, поштите, центар за социјални работи и други пунктови каде што се собираат граѓани за шалтерски исплати и да се спроведуваат препораките на Владата за држење на минимум растојание на граѓаните помеѓу себе и задолжително
носење на заштитни маски.

8.Од утре, во дистрибуција на пакети за социјално загрозени семејства, покрај тимови на ОШЗС и Црвен Крст, ќе се вклучат и претставници на Армијата со свои тимови.

9. Штабот во соработка со специјални тимови на армијата ќе врши дневна дезинфекција на просториите со зголемен проток на луѓе (банки, пошти и други институции) за што бараме соработка од наведените субјекти, се заклучоците на штаабот во ОК.