Општина Центар затрупана во ѓубре

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски побара од градоначалникот на Скопје Коце Трајановски да им го остапи средувањето со комуналната хигиена во општината. Веќе подолго време, рече тој на седница на Советот, центар не се чисти и и тотален хаос со сконтејнерите низ улиците. Одговарајќи на советничко прашање Жерновски рече дека подигањето на комуналниот смет во центар е во надлежност на Комунална хигиена, но тие воопшто не се одговорни во својата работа.

 

djubre djubre2

 

Ваквата секојдневна слика во центарот на градот е неприфатлива, заради што Жерновски бара итно решение за проблемот од страна на град Скопје.