Општина Центар нема да попушти пред притисокот на пазарџиите кои ги злоупотребуваат доделените привилегии

,, Во изминатите неколку дена пазарџиите од „Зелен Пазар“ протестираат бидејќи им беа скратени сите злоупотреби кои ги извршуваа секојдневно на паркиралиштето „Аутомакедонија“.
Како што може да се забележи на видеото, пазарџиите на крајот на работното време пред напуштање на паркиралиштето користат железни колички за пазарење кои сензорот ги препознава како возила и системот за нив автоматски печати билет. На тој начин тие наместо да платат за цел ден паркирање, тие плаќаат само за 1 час.
Ова е само една од злоупотребите кои ги вршат пазарџиите. ЈП ПОЦ и Општина Центар ќе воведат ред на ова паркиралиште и на жителите ќе им овозможат услови за похумано живеење“-е реакцијата на градоначалникот на Општина центар Саша Богдановиќ, по неколкудневното протестирање и блокирање на центарот од страна на пазарџиите.