Општина Центар спроведува кампања за правилно миење раце

Во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Општина Центар во основните училишта на нејзина територија започна со кампања за правилно миење раце и одржување лична хигиена со цел спречување на ширењето на сите лесно преносливи вируси, вклучително и Корона вирусот.


Во екот на вирозната сезона, почнувајќи од 21-ви декември во сите основни училишта се одржуваат обуки за наставниот и техничкиот кадар за важноста на миењето раце и здравите навики за одржувањето на личната хигиена.