Орбан ѝ донираше бодликава жица на Црна Гора за заштита од мигранти

Црна Гора од Унгарија доби 25 километри бодликава жица за поставување на границата со Албанија, зарафди спречување на наплив на мигранти.

Ова вчера во Подгорица го изјави црногорскиот премиер Душко Марковиќ, по средбата со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Орбан побара Црна Гора да ги обезбеди своите граници од евентуален наплив на бегалци, бидејќи според него, тоа е обврска на сите во Европа, а не само на неговата земја.

Марковиќ рекол дека сѐ уште нема таква потреба, бидејќи Црна Гора добро се справува со овој проблем.