Денеска се навршуваат две години од насилниот и организиран упад на толпа народ предводени од функционери и поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ, луѓе со фантомки и четворицата водачи на граѓанската иницијатива , За Македонија заедно“, Борис Дамовски, Игор Дурловски, Владо Јовановски и Богдан Илиевски Бетмен.

По изгласувањето на Талат Џафери за Претседател на Собрание, 7 пратеници од ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и други, ја отворија вратата на Парламентот , по што толпата влезе внатре,а други организирани лица од врвот на ВМРО ДПМНЕ, ги повикуваа и водеа кон пратениците од опозицијата, меѓу кои и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

По влегувањето на толпата разбеснет народ, дел од организаторите, но и од учесниците во протестите , се упатија кон прес салата, каде ги претепаа опозиционерите, а Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанци, го истепаа речиси до смрт и го влечеа по ходниците.

Насилниците мислеа дека Села е мртов и го славеа неговото претепување.

Зијадин Села лежи крвав и полумртов во ходникот во Собрание на РМ

Снимките и фотографиите го обиколија светот.

По отворањето на вратите од страна на пратеници на ВМРО ДПМНЕ, толпата навлегува во зградата на македонскиот Парламент
Полицијата покажуава млак отпор, а потоа се повлекува целосно
Во собраниската сала се пеат ,,патриотски“ песни
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ им даваат поддршка на насилно влезените и се прегрнуваат со нив
Насилници ги претепуваат Зоран Заев и тогаш опозициските пратеници

По две години по овој настан без преседан во македонската, но и светската парламентарна историја, дел од насилниците се осудени, дел од организаторите и тие што овозможија да влезат, пратеници на ВМРО ДПМНЕ, се амнестирани, а се очекува и обвинение за главните организатори и инспиратори на државниот удар, меѓу кои и за Никола Груевски.

Груевски е во бегство и се наоѓа во Будимпешта.

За АКО.мк, Емилија Лазаревска