Ордановски бил еден од најприслушуваните, возилото му било запалено и заради лична безбедност живеел во странство

Во Кривичниот суд Скопје вчера се одржа ново рочиште за предметот ,,ТАРГЕТ ТВРДИНА” кој го води Судијката Џенета Бектовиќ, а застапници на обвинението се Јавните обвинители Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска.

Обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и уште неколку лица вработени во УБК.

Сашо Ордановски за себе изјви дека бил еден од најприслушуваните во државата.

Во периодот од 2008 до 2015 година работел на повеќе ангажмани во повеќе области. Сведокот изјави дека му биле предадени во електронска форма материјали од следење на неговата телефонска комуникација која била обемна на преку 10.000 страни и бил меѓу петте најследени луѓе во државата. Во 2015 година во месец мај му било кренато во воздух неговото возило во Бардовци каде што живеел. Неколку месеци живеел надвор од државата поради неговата безбедност и како што изјави се ова ќе биде пресметано и наведено во оштетното побарување. За појаснување Судијата Владимир Туфегџиќ постави прашање дали сведокот во неговата папка со цедињата имало и туѓи разговори на што оштетениот изјави дека единствено имало негови разговори. Сведокот изјави дека се чувствува оштетен, а за оштетно побарување ќе се произнесе во понатамошната постапка. Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Ви го пренесуваме мониторингот на Зелена ЛупаЗдружение за истражување,анализи и Развој Зелена Лупа Скопје

Првиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше Горан Сугарески, вработен како Комунален инспектор во Општина Прилеп во време на прислушувањето.Тој од 2008 до 2015 година бил пратеник во Собранието од СДСМ.

За првите негови сознанија за следење на неговите телефонски броеви дознал од Зоран Заев и упатил барање до СЈО за проверка на броевите и дали истите биле следени на што добил одговор по неколку месеци и во месец мај 2017 година бил повикан во СЈО каде му соопштиле и потврдиле дека неговиот службен број бил следен од 2011 до 2013 година и тоа најчесто во изборен период. Сведокот изјави дека се чувствува оштетен, но дека не предјавува оштетно побарување.Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Вториот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше Саше Димовски кој од 2008 до 2015 година работел како новинар во повеќе редакции. Телефонскиот број го користел веќе 20 години, а сомнеж за следење на комуникациите добил откако добил транскрипти од разговори на прислушувани обвинители. Тој изјави дека добил папка од СДСМ со транскрипти од негови, но и туѓи разговори, дел од информациите биле во раскажувачка форма. Од сознанието за неговото следење на комуникациите сведокот изјави дека му била влошена здравствената состојба истата ќе ја поткрепи и докаже со фактури од здравствените установи, преживеал инфаркт, покачен шеќер, делумно ампутирана нога и слепило, а му биле извршени 6 операции.Сведокот изјави дека се чувствува оштетен и предјави оштетно побарување во висина од 200.000 евра.Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Третиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше Катерина Цаневска – Арсовска, вработена во кабинетот на Претседателот на РСМ, во секторот за односи со јавноста. Во периодот од 2008 до 2015 година таа работела во повеќе телевизиски куќи и портали. Првиот сомнеж за следење на комуникациите се јавил кога пред објава на некој прилог кој се уште не бил емитуван, се соочиле со демант по истиот. Во СЈО поднела барање за проверка на 6 броеви кои ги користела за кои добила одговор дека 4 броеви биле следени, 2 службени, еден од Општина Центар и еден приватен на кој била следена 360 дена. Сведокот изјави дека се чувствува оштетена, а за оштетно побарување ќе се произнесе во понатамошната постапка. Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Четвртиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше Младен Чадиковски, вработен во ТВ 24. Во периодот од 2008 до 2015 година работел во А1 Телевизија и во неделникот „Фокус“. За следењето на негови телефонски броеви дознал кога во 2015 година му била дадена папка од СДСМ со негови разговори за кои се изјаснил дека се автентични. За појаснување Судијата Владимир Туфегџиќ постави прашање дали сведокот во неговата папка имало и транскрипти со туѓи разговори на што оштетениот изјави дека единствено имало транскрипти од негови разговори. Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Петтиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше Јадранка Костова, вработена во Фокус. Во периодот од 2008 до 2015 година работела во Фокус. За појаснување Судијата Владимир Туфегџиќ постави прашање на кој начин таа дознала дека била прислушувана сведокот одговори дека тоа било на прес-конференцијата на Зоран Заев каде лично добила материјали со нејзини разговори за периодот откако загинал Никола Младенов се до рестартирањето на Фокус, од летото 2013 година 2,5 месеци биле следени незјзините разговори и СМС пораки. Сведокот изјави дека се чувствува оштетена, а за оштетно побарување ќе се произнесе во понатамошната постапка.Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Шестиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше Горан Михајловски, вработен во „СДК“. Во периодот од 2008 до 2015 година работел во „Вест“. Тој изјави дека од 2000 година го користи истиот телефонски број, а за прв пат се појавил сомнеж за следење на комуникациите во 2013 година за време на изборите за необјавена информација имал реакција од менаџментот и го разубедувале да не биде објавена. Од прес-конференцијата на СДСМ добил папка со негови разговори и добил потврда од СЈО дека бил следен 2,5 години.Сведокот изјави дека се чувствува оштетен и предјави оштетно побарување во висина од 1.000.000 денари.Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Седмиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше лицето Борјан Јовановски, вработен во НОВА ТВ.Во периодот од 2008 до 2015 година работел во А1 Телевизија и Нова ТВ.мк. Првите сознанија за следење на комуникациите биле кога на прес-конференцијата на СДСМ добил папка со транскрипти негови разговори. Сведокот изјави дека се чувствува оштетен, а за оштетно побарување ќе се произнесе во понатамошната постапка. Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Осмиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше лицето Сашо Орданоски, вработен во Форум.

Деветтиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше лицето Сашка Цветковска, вработена во Истражувачката репортерска лабораторија. Во периодот од 2008 до 2015 година работела во А1 Телевизија, Фокус и НОВА ТВ. На прес-конференцијата на СДСМ во 2015 година и биле дадени материјалите во папка и истите содржеле лични и професионални разговори. На повик во СЈО добила информации за тоа кој период била следена нејзината телефонска комуникација. Во образложувањето на штетата на работен план таа истакна дека во тој период работела на следење на имотот на политичарите меѓу кои и Сашо Мијалков. Имале потешкотии во работата бидејќи институцијата во која тој тогаш работел не била транспарентна. На ваквиот исказ одбраната на обвинетиот Мијалков реагираше до судот дека нема потреба од вакво образложување, а сведокот им се обрати,-,,Нема потреба да правите фаци, ова е судница. На некој му е важна работата, а некому бизнисите“. Сведокот изјави дека се чувствува оштетен, а за оштетно побарување ќе се произнесе во понатамошната постапка.Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Десеттиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар. Во периодот од 2008 до 2015 година работел во НЛБ банка хонорарно и Директор на ЈП ПОЦ. Тој изјави дека од 2008 година имало шпекулации за следење на комуникациите. По објавувањето на бомбите поднел барање до СЈО од каде добил потврда дека 5 телефонски броеви му биле следени.Сведокот изјави дека се чувствува оштетен, но не предјавува оштетно побарување.Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Единаесеттиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше лицето Фросина Ташева Ременски, вработена како професор на Факултетот за безбедност.Во периодот од 2008 до 2015 година работела на повеќе работни позиции на факултетот од 2003 година па се до денес. До СЈО поднела барање за утврдување на следење на комуникациите од каде се испоставило дека на 5 броеви имало следење од кои еден фиксен,домашен број, два приватни и два службени броеви. Сведокот изјави дека се чувствува оштетена, а за оштетно побарување ќе се произнесе во понатамошната постапка.Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Дванаесеттиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше лицето Јовче Ременски, вработен во АНБ.Во периодот од 2008 до 2015 година работел во УБК а потоа во БЈБ. Од негови колеги дознал дека е таргет на следење.Тој до операторите доставил барање за да го известат дали е незаконско следенна 5 броеви. Одговорите од операторите биле дека 4 години биле слушани неговите броеви а како доказен материјал денес ги предаде на обвинителството. Имал потврдена информација и за негова физичка ликвидација, да го стават во инвалидска количка.Сведокот изјави дека се чувствува оштетен, а за оштетно побарување ќе се произнесе во понатамошната постапка.Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Тринаесеттиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше Биљана Секуловска, вработена во НОВА ТВ.Во периодот од 2008 до 2015 година работела во А1 Телевизија, А2 Телевизија и НОВА ТВ. За следењето на комуникациите дознала на прес-конференцијата на СДСМ а потоа била повикана и во СЈО. Ѝ биле предадени материјали, транскрипти од нејзини разговори за кои потврдила дека истите се автентични. За појаснување Судијата Владимир Туфегџиќ постави прашање дали сведокот во неговата папка имало и транскрипти со туѓи разговори на што оштетената изјави дека единствено имало транскрипти од нејзини разговори а дел биле во расказна форма во воведот. Сведокот изјави дека се чувствува оштетена, а за оштетно побарување ќе се произнесе во понатамошната постапка.Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Четиринаесеттиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше лицето Душица Мрѓа – Ковачев, вработена во ТВ 24. При испитувањето на овој сведок настана технички проблем со уредот за снимање, па Судијата Туфегџиќ побара согласност од двете странки во постапката за да се продолжи со сослушувањето на преостанатите четири сведоци со внесување директно на записник, обвинителството даде согласност, но одбраната не се согласи и побара одложување за следната закажана главна расправа да бидат повикани тие четири сведоци за кои би имало аудио-визуелно снимање.

Судот ваквиот став на одбраната не го прифати и истакна дека би било крајно несериозно од нивна страна како Суд да ги вратат овие четири сведоци кои веќе неколку часа чекаат пред судницата за да го дадат својот исказ па одлучи да повика техничко лице од Судот кое пристапи по 40 минути и ја стави во функција опремата за аудио-визуелно снимање.

Сведокот, Душица Мрѓа – Ковачев изјави дека на прес-конференцијата на СДСМ и била дадена папка со транскрипти на нејзини разговори и СМС пораки. За разговорите потврдила дека се автентични и дека во папката имало само нејзини разговори. Сведокот изјави дека се чувствува оштетена а за оштетно побарување ќе се произнесе во понатамошната постапка.Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Одбраната со реакција до Судот дека веќе поминал 16 часот и истекло работното време побараа прекин на денешното рочиште па адвокатот Петар Василев додаде,-Не можеме цел ден да го трпиме ова.Судијата Туфегџиќ се обрати до одбраната и наведе дека до сега би биле завршени со сослушување на сите сведоци доколку тие дадеа согласност за продолжување на рочиштето без аудио-визуелно снимање.

Петнаесеттиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше лицето Васил Попетревски, вработен во 360 степени.Во периодот од 2008 до 2015 година работел како новинар во неколку редакции, Канал 5, Алсат, МПМ, Граѓански.За следењето на комуникациите дознал по објавувањето на разговорите од СДСМ добил папка со автентични разговори.Се обратил со барање до СЈО кои му потврдиле дека 4-5 броеви му биле следени во периодот од 24.12.2012 година до 2013 година.За појаснување Судијата Владимир Туфегџиќ постави прашање дали сведокот во неговата папка имал и транскрипти со туѓи разговори на што оштетениот изјави дека единствено имало транскрипти од негови разговори.Сведокот изјави дека се чувствува оштетен а за оштетно побарување ќе се произнесе во понатамошната постапка.Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Шеснаесеттиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше лицето Сречко Поповски, вработен во 360 степени.Во периодот од 2008 до 2015 година работел во Алфа, Алсат и 360 степени.Од страна на СЈО му било потврдено дека два телефонски броеви му биле следени.Првично дознал кога ги добил документите кои ги делела СДСМ како транскрипти и во електронска форма.За појаснување Судијата Владимир Туфегџиќ постави прашање дали сведокот во неговата папка имал и транскрипти со туѓи разговори на што оштетениот изјави дека единствено имало транскрипти од негови разговори.Сведокот изјави дека се чувствува оштетен, а за оштетно побарување ќе се произнесе во понатамошната постапка.Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Седумнаесеттиот сведок, оштетен кој пристапи кон судот беше лицето Оливера Трајковска, вработена во Телма ТВ.Во периодот од 2008 до 2015 година работела како новинар во Алфа, 24 Вести и во Телма.Таа изјави дека ѝ биле предадени документи од СДСМ, но истите никогаш не ги отворила и не знае што содржат, но сепак ја потврдила автентичноста на нејзините разговори за кои кажа дека се со бројка од 15.000. Сведокот изјави дека се чувствува оштетена, а за оштетно побарување ќе се произнесе во понатамошната постапка.Одбраната немаше вкрстени прашања за сведокот.

Адвокатот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Љупчо Шврговски доставил поднесок до приемното одделение во судот со кој бара кон листата на оштетени од прислушувањето да се додаде и екс министерката.Таа е обвинета во овој предмет, но одбраната рече дека таа била обвинета во случајот за делот Тврдина, а не и во Таргет.

,,Од денешниот мониторинг можеме да ја информираме јавноста дека во судницата делумно се почитуваа мерките за заштита, присутните одржуваа меѓусебно растојание но дел од обвинетите како и Судиите но и бранителот Љупчо Шврговски воопшто не употребуваа заштитни маски во судницата.Мерките за заштита треба да важат за сите подеднакво а во судницата Судиите се тие кои треба први да реагираат при непочитувањето на истите, пред се поради безбедноста на сите лица присутни во судската сала а потоа и кон семејствата кај кои сите ние се враќаме по работниот ден.Обвинетите во комоција ги користеа своите мобилни телефони во текот на целото рочиште при сослушувањето на сведоците и ВООПШТО не беа опоменати од страна на Судечкиот совет.Следното рочиште е закажано за 30.09.2020 година во 10 часот и ќе се продолжи со сослушување на преку дваесетина сведоци, оштетени во оваа постапка“-се вели во мониторингот на Зелена лупа.

Според обвинението им се суди за масовно нелегално прислушување во УБК од 2008 до 2015 година, кое се вршело преку три системи за следење на комуникации со кои биле нелегално прислушувани повеќе од 20.000 граѓани.

(Преземено од Зелена ЛупаЗдружение за истражување,анализи и Развој Зелена Лупа Скопје)