Ориѓански: Да, ќе појдам таму

,,Денеска, во 12 часот ќе се одржи прес во кино Култура по повод најавениот Марш за 11 Октомври, како симбол за борба против режимот. Да, ќе појдам таму, затоа што ме покани лично г.Заев, на еден неверојатно културен и љубезен начин, без да малтретира или да бара нешто од мене, со голема почит, со прашање дал јас тоа би сакал” – пишува на својот ФБ профил познатиот македонски музичар Златко Ориѓански.

%d0%b7%d0%be %d0%be%d1%802

,,Единствениот македонски политичар пред Зоран кој ме викнал на разговор, на негово барање, беше Претседателот Киро Глигоров,-пишува Ориѓански.

,, Таму одам заради себе и моето семејство, заради слободата што денес ја немаме, против оваа и секоја диктатура и режим, заради убиената наша младост, заради правда и еднаквост, хуманост и човечност. Се разбира, ќе кажам и тоа што не ми се бендисува….За Нова Слободна Македонија!” – го завршува својот ФБ статус музичарот Златко Ориѓански.