,,Орка Холдинг“ го продаде својот удел во МПМ

,,Орка Холдинг“ АД Скопје испрати соопштение во кое информира дека тие веќе не се сопственици на МПМ кои ги издаваат дневните весници Утрински весник, Дневник и Вест.

,,Орка Холдинг“информира дека со одлука на Управниот одбор на компанијата, донесена на 12 декември 2016 година, а спроведена во Централниот регистар на 15.02.2017 година, компанијата го продаде својот удел во „Графички центар” ДОО Скопје, сопственик на „Медиа Принт Македонија“ (МПМ), по номинална цена.

Сите обврски кои компанијата ги имаше кон вработените заклучно со 31.12.2016 година се подмирени. Во наредните денови ќе се подмират и обврските кон платите за месец јануари 2017 година“, соопшти компанијата која од германскиот ВАЦ го купи МПМ и Графички центар во 2012 година.

Вработените во трите весници веќе најавија штрајк за утре, 17.02.2017 со почеток во 10 часот, откако не успееја преговорите со сопствениците на весниците.