Орка Холдинг демантира дека зеле кредит за градење кај Мајчин Дом

Во врска со наводите изнесени  на денешната прес конференција од страна на Златко Марин, претседател на Општинска организација на СДСМ, поврзани со сопственост на земјиште во н. Аеродром, компанијата Орка Холдинг АД Скопје демантира и бара извинување.

,,Орка Холдинг преку една од своите ќерки фирми поседува удел од 20 отсто во фирмата ,,Масив Констракшн“. Ниту Орка Холдинг, ниту која било од нејзините ќерки компании никогаш не подигнале кредит за тоа земјиште и никогаш не го заложиле под хипотека.

Отаму, го замолуваме господинот Марин веднаш да ја демантира својата изјава и да се извини, во спротивно ќе бидеме приморани да отпочнеме судска постапка за изнесените невистини, лаги и нарушување  на угледот на компанијата“-се вели во реакцијата од Орка Холдинг.