Орце Камчев зел 3 милиони евра кредит за деветокатници кај Мајчин дом

 

,,Сопственикот на плацот кај Мајчин Дом, бизнис партнерот на ВМРО ДПМНЕ, Орце Камчев преку фирмата Масив Констракшн, од Ивица Коневски добил маркица за огромна зграда од девет ката!

Пред да биде насилно сменет ДУП, плацот се водел како неизградено земјиште, без маркица за градба.

На неизграденото земјиште Камчев подигнал 3.200.000 евра кредит.

На двата плаца коишто беа зелени површини сега ќе никнат згради што ќе ги гради фирмата на бизнис партнерот на Никола Груевски, Орце Камчев.

Ако Ивица Коневски влегол во градежни бизниси со Орце Камчев, ќе видиме за колку плацеви во Аеродром се вплеткал во вакви зделки и договори.

Ќе има ревизија на работењето на Ивица Коневски и одговорност за направени злоупотреби врз граѓаните “-изјави Златко Марин од ОО на СДСМ во Аеродром.