Орце Камчев сам ќе сведочи и ќе се соочи со Јовановски и Јанева

Сопругата на Орце Камчев, која е и негов адвокат, Ана Камчева, не дојде во судница за да сведочат заедно и да се соочат со обвинетите во ,,Рекет“, поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и нивниот поранешен пријател, Бојан Јовановски.

Камчева, како што пишува а1он, имала температура и затоа не дошла во судница.

Денеска се одржува второто рочиште од судскиот процес за аферата ,,Рекет“.

Третообвинетиот, Зоран Милески ја призна вината и првостепено е осуден на три години затвор.