Орце Камчев се самопрогласи за ,,жртва и борец за правда“

,, Јас сум жртва, со целиот процес, со целата изнуда која се правеше од оваа злосторничка група од Бојан Јовановски и Катица Јанева и другите, што ќе се докаже во подоцнежните процеси. Не само јас и други биле жртви, но јас се одважив да го кажам тоа јавно“, рече Камчев во изјава по второто рочиште од судскиот процес ,,Рекет“, каде сведочеше неколку часа во своја полза и во полза на обвинителство, а претставувајќи ја Катица Јанева и Бојан Јовановски за инспиратори и организатори на неговото рекетирање.

Но, тој посочи дека предмет на рекет на поранешната специјална обвинителка и на Боки 13 биле и Владимир Тодорвиќ, односно Тинекс, потоа сопствениците на ,,Пелистерка“, Цветан Панделески и неговиот син Дејан и други.

Како што рече Камчев, тие дале пари , но не се одважиле да ги пријават, а само тој имал храброст да го направи тоа.