Оскаровецот Хоакин Феникс со емотивен и впечатлив говор призна дека бил суров и себичен

Говорот на оскаровецот Хоакин Феникс кој се закити со оваа престижна награда за улогата во филмот ,,Џокер“, не остави никого рамнодушен.

Тој од срце, без да чита, проговори за неправдите во светот, но и за сопствената себичност.

,,Преполн сум со благодарност и не се чувствувам над другите кандидатити номинирани за престижната награда кои се наоѓаат во оваа сала, сите делиме иста љубов-љубов кон филмот.

Овој облик на изразување ми го овозможи најнеобичниот живот и не знам каде би бил без него.

Но, милсма дека најголемиот дар е можноста да го користиме својот глас во име на оние кои ја немаат таа можност. Размислував за некои тешки колективни проблеми. Не е важно дали зборуваме за расна нееднаковост, дали зборуваме за родна нееднаквост, за правата на ЛГБТ заедницата, или правата на животните, ние зборуваме за борба против неправдата.

Зборуваме за борба против уверувњето дека една земја, еден народ, една раса, еден човек имаат право да доминираат или да ги контролираат другите.

Мислам дека станавме отуѓени од природата и светот, а многумина од нас се одговорни за овој егоцентричен поглед на светот и за тоа што веруваме дека сме центар во тој свет. Влегуваме во светот на природата и ја ограбуваме безмилосно, сите нејзини ресурси.

Веруваме дека можеме по вештачки пат да ја оплодиме кравата, а потоа да ѝ го одземеме телето, па нејзиното млеко, кое треба да биде за нејзиното бебе, и на крај го ставаме во нашето кафе или пак житарки.

Се плашиме за идејата за лична промена за да не жртвуваме нешто свое. Но, ние сме создадени да бидеме инвентивни и креативни и да ги предводиме промените кои ќе бидат корисни за сите живи суштества.

Цел живот бев никој и ништо, бев себичен. Понекогаш бев суров, личност со која е тешко да се работи и затоа сум ви благодарен на некои од вас тука што ми дадовте втора шанса. Мислам дека е тоа најдоброто во нас, да се поддржуваме еден со друг. Не поради грешки од минатото да се отфрламе , туку да си помагаме и да растеме еден со друг“-порача по прогласувањето за најдобар актер, оскаровецот Хоаким Феникс.

Тој се сети на својот починат брат, исто така глумец, Ривер Феникс и ги цитираше неговите зборови:

,,Кога имаше 17 години мојот брат ги напиша овие зборови-,,Тргни да помагааш со љубов и ќе следува мир“.