Ослободени сите заложници од либискиот авион

Сите заложници се ослободени од киднапираниот либиски авион на компанијата  “Африкија ервејз”.  Авионот беше киднапиран на локалната рута од Себа до Триполи и потоа слета на аеродром во Малта. Во авионот имаше 118 патници и двајца киднапери.

Локалните власти се уште преговараат со нив.

Во меѓувреме сите летови беа откажани или пренасочени.

Киднаперите на “ербас А-320”, кои себеси се нарекуваат  следбеници на некогашниот лидер Моамер ел Гадафи, се закануваа дека ќе го кренат авионот во воздух доколку не им се исполнат барањата.