Османи: Браќа и сестри никој не се грижи за нас како наш човек

Бујар Османи од ДУИ, буткајќи ја упорно идејата за премиер Албанец, отворено порача дека само со нивни партиски функционери и со Албанци на чело на институциите, ќе има просперитет за Албанците во Македонија.

На социјалните мрежи на Албанците им порача:

,,Читам коментари, не ни треба премиер Албанец, туку ни требаат проекти, паркови, патишта, вработување, барањето за премиер Албанец било националистичко, наместо барање за еднаквост, за подобар живот.
Ако не е важно кој е шеф на институцијата, тогаш зошто не правеа паркови во нашите краишта (?!), додека Ардијан Муча не беше именуван за директор? Зошто агенцијата за развој на земјоделството не градеше патишта во нашите села, додека Абдул Селам не беше именуван таму? Зошто фирмата за гасификација не почна да ја гради гасификациската мрежа до Тетово и Гостивар, пред да биде именуван за директор Бајрам Реџепи? Зошто немаше доктори и сестри Албанци вработени во Скопје, додека не беше поставен наш директор. Зошто информативниот центар во Скопје не ја промовираше албанската култура пред Сермине Пурини  да биде поставена за директор таму?
Браќа и сестри како нашиот човек се грижи за вас никој друг не може. Затоа барањето за премиер Албанец не е цел само по себе туку е средство за постигнување на целта за целосна еднаквост. Затоа биди дел од историјата, реализирај го сонот. Гласајте за број 9“-порачува Османи.