Османи: За нова Влада првично разговараме со СДСМ, не е точно дека Еленовски ќе биде премиер

Бујар Османи од ДУИ ги демантираше шпекулациите дека преговараат со ВМРО ДПМНЕ за состав на идната Влада. Тој исто така демантираше дека го понудиле Лазар Еленовски како премиер во евентуалната идна влада формирана со ВМРО ДПМНЕ.

,,Ние првично разговараме со нашиот сегашен коалиционен партнер(СДСМ). Не е исклучена можноста да разговараме и со другите партии“-рече Османи во интервју за Сител, демантирајќи ги информациите во некои портали објавени деновиве.

Ги нарече тенденциозни шпекулации со цел да му наштетат на преговарачкиот процес и пред сѐ на ДУИ.

Османи ги отфрли како целосно неточни информациите дека наводно во разговорите со ВМРО ДПМНЕ го понудиле за премиер Лазар Еленовски, кој се изјаснува како Албанец.

Наш интерес и на граѓаните е да се формира побргу новата Влада и мислам дека тој процес ќе заврши наскоро, рече Османи.