Османи од СДСМ до Дураки од ДУИ: Зошто можеме заедно во една држава, а не може во партија?

По острите критики на Садула Дураки, министер за екологија од редовите на ДУИ во владата на Премиерот Зоран Заев, до членовите на СДСМ од албанска етничка припадност, му одговори Хади Османи, координатор  за меѓуетнички односи на СДСМ за Липково и за Куманово .

,,Почитуван министер,
Јас разбирам дека паралелно со кампањата за референдумот овој простор исто така, може да се користи за партиска кампања, но не ми се допаѓа кога тоа се прави на нечија сметка.

Сепак, ние сме од истата општина и јас сѐ уште се чувствувам одговорен за давање пријателски одговор.  Ќе започнам со мотото на оваа кампања  во овој историски момент ,,Заедно за Европска Македонија” и ќе ти дадам една сугестија.

Како и самото мото, како и коалицијата во која сте и вие,  е јасно дека сме заедно. Сето она што ние сакаме е европска Македонија. Сите сме за Европска Македонија.

Зошто можеме да имаме заедничка Влада, а да не може заедничка партија? Почитуван министер, работиме на изградба на Македонија, држава и заедничко општество за сите. Владината коалиција во која и Вие сте министер и се гордеаам со Вас, ја формираа СДСМ и ДУИ и од Македонци и од Албанци.

Зошто можеме да имаме заедничка држава, а не можеме да имаме заедничка партија?“-прашува Хади Османи, кој доаѓа од липковскиот крај исто како и Садула Дураки , го повика на пријателско кафе и го потсети дека заради ваквата политика на единство на СДСМ, победен е претходниот режим на Никола Груевски.

Османи беше кандидат за градоначалник на СДСМ во Липково.

Победи кандидатот на ДУИ, со големо мнозинство гласови. Во Арачиново, победи Миликие Халими, кандидат на СДСМ.

ДУИ не може да им прости на СДСМ и на членовите на оваа партија од албанската етничка заедница, кои до несоа повеќе од 40.000 гласови на последните парламентарни избори.

Заради тоа, ДУИ изгуби 8 пратеници, и во последниот парламентарен состав има само 10.

АКО.мк

Фото: Хади Османи со Зоран Заев