Османи: Следен чекор е усвојување на заедничка владина програма и поделба на ресори(видео)

Главното прашање е надминато. Централното претседателство на ДУИ вчера даде поддршка на предлог законот за употреба на албанскиот јазик-изјави Бујар Османи на прес конференција. Тој најави дека тоа било и главниот услов за давање на потписите на лидерот на СДСМ да состави ново парламентарно мнозинство.

Тој најави дека сега работните групи работат на заедничка владина програма и поделба на министерските ресори.

Нема совршен закон, но ние сме задоволни. Албанскиот јазик ќе се употребува на сите нивоа во државната комуникација, па и во судските постапки, најави Османи. Се е предвидено со Уставот и не треба негово менување – рече Османи.

Прашањата кои бараат промена на Устав, како знамето и химната, се предмет на дијалог меѓу заедниците ,а не меѓу две политички партии, затоа што пред се се  бара двотретинско мнозинство во Парламент, рече Османи.

Сега претседателот Али Ахмети има статутарно право да го даде мандатот на Зоран Заев и без да го свика претседателството.

Бујар Османи меѓутоа уште еднаш нагласи дека досегашниот тек на процесот не значи формирање на Влада по автоматизам, но разговорите продолжуваат , а тоа значи и разговори за усогласување на програма на Влада и поделба на ресори, рече Османи.

С

Видео:а1он