Османли:Во Македонија се затвораат читални, а ширум се отвораат затворите

УБИСТВО НА ДОМОТ НА КНИГАТА 


Ете: во Македонија се затвораат читалните, а ширум се отвораат затворите.Сѐ додека е така, не чудете се што животот се одвива наопаку, поради вредносите кои примитивците на власт не престануваат да ги тумбаат на глава!!!

„-Е, што да се прави кога никој денес не влегува во читалните уште помалку што не плаќа за просторот на книгата?…“

Да остане!!!! Тоа е нашиот паметник на отпорот, кој сега се затвора, додека оние на вмро, сосе кичот на владата остануваат нечепнати! Читалната ја отворивме во знак на поддршка на Славко Јаневски, нашиот книжевен и воопшто уметнички великан кога го лустрираа криминалците на дпме… Тогашната опозиција го поддржуваше тој потег овозможен со поддршката на тогашниот опозиционен градоначалник на Центар: И?!

Толку било.Сега не им треба читалната, не им треба Славко Јаневски, еден од симболите на културниот отпор кон демократурата на груевизмот! Не им се исплати веќе…повеќе ќе им се исплати место читалните кои ги носат достоинствените имиња Славко Јаневски и Ацо Шопов да отворат некој кафич или коцкарница. Оваа земја и така е една биртија на пропаднати надежи и дом за espresso заработки и комар со сиромаштијата…

Внимавајте другари од сдсм и коалицијата, шарени и еднобојни, и вие од сите можни бои што се закачивте за власта: опасни дебаланси се произведуваат во ваше време и од ваше име! Ова нема врска со Преспанскиот договор. Ова има врска со договорот што самите треба да го направиме со себеси и со својата културен хабитус, и како граѓани и како творци, а пред сѐ како политичари во локалната и на централната власт!…

А да пренаменеа пари од паркинзите кои ги прошириија дури и на Водно, и кои им носат енормни суми пари од граѓаните (the Macedonian overtaxed payers!)? Ова ли е животот за којшто се залагавме да дојде во Македонија, пред се во најградската општина на Македонија! С р а м о т а !!!

Томислав Османли