Основен суд 1: Нападнатата била турната од столчето

По информациите за инцидентот во Основен суд Скопје 1-Скопје од судот излегоа со соопштение во кое потврдуваат дека имало вербален и физички инцидент, но не со превртени бироа, туку со туркање од столче. Нема ништо за причините и дали кавгата била заради претседателот на судот Владимир Панчевски.

,,Во однос на сите непотврдени информации кои попладнево беа објавени од повеќе медиуми, во целост ги демантираме тенденциозните шпекулации дека во судот имало физички напад при кој имало превртување на бироа и уништување на инвентарот, а во кој настан бил вклучен и претседателот на судот. Како што веќе ги информиравме медиумите кои се обратија, во просториите на Кривичниот суд се случил настан каде од страна на вработен-раководител на одделот за човечки ресурси Г.С. со физички напад била загрозена сигурноста на еден од портпаролите П.К. во присуство на судија од одделот за претходна постапка С.Ј., така што вработениот Г.С. најпрвин вербално и се заканил на П.К. загрозувајќи и ја сигурноста со упатени закани по животот и телото, по што со примена на физичка сила ја турнал од столчето и ја напуштил просторијата

Нападнатата веднаш телефонски го пријавила настанот во МВР при што интервенирала полицијата и случајот е документиран и преземен од инспекторите за насилен криминал при МВР, а против напаѓачот од страна на нападнатата поднесена е кривична пријава по член 144 ст. 3 „Загрозување на сигурноста“, која понатаму треба да се процесуира од надлежните органи. Во врска со настанот и од страна на судската управа ке бидат преземени соодветни мерки.”

Соопштение на судот