Осомничениот тунижанец за прегазувањето во Берлин живеел кај Србин

Тунижанецот Анис А. осомничен дека го извршил масакрот со камион врз недолжните граѓани кои беа дел од новогодишниот панаѓур, во Берлин живеел кај германец со српско потекло Бобан С.

Србинот  е уапсен со главниот исламист  за Германија на Исламска држава, а се товари за врбување и регрутирање на нови членови на Исламска држава.

Меѓу 549 лица кои се предмет на специјална обработка и надзор на германската полиција, Бобан С. кој има герамански и српски пасош бил апсен уште во ноември заради сомнителни активности во корист на Иаламска држава.

Тој бил задолжен да ги насочува новите регрути каде да учат арапски јазик и норми на однесување.

Инаку, првоосомничениот тунижанец веќе бил одбиен за добивање азил и бил пред протерување од Германија.