Оставки !

 

 

Спасов и Поповски да си поднесат оставки!-побара уште еднаш министерката за труд и социјала Фросина Ременски.

,,Очигледно е дека во Република Македонија, лицата носители на политички функции одамна не знаат за своите постапки да понесат одговорности, наместо тоа се задскриваат зад превезот на моќ, која оваа власт ја наметнува сиве овие 10 години.”-рече Ременски.

Таа ги обвини  дополнителниот заменик министер Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски дека по нејзиниот вчерашен прес,  биле изнесени лаги со цел да се манипулира јавноста наместо да се одговара за секоја постапка.

Без грам срам лажете! – им се обрати јавно Ременски и ги повика двајцата да се појават во јавноста, пред очите на граѓаните, да дадат одговори на многу прашања кои се пред се од јавен интерес.

,,Дополнителниот заменик министер до сега молчи. Господине Поповски, вие како директор на Агенцијата за вработување исто така должите многу одговори, одговорете и на јавноста зошто и како возилото кое направи неколку сообраќајни прекршоци се најде во рацете на Диме Спасов? Возилата кои вчера ги обелоденивме во јавноста не се во сопственост на Министерството за труд и социјална политика, ниту пак биле дадени со некаков си договор во октомври 2015 година. Хипотетички, зошто би се вратиле на користење возила на Министерствотот кои краток период пред октомври 2015 истите со одлуки на Влада, објавени во службен весник ви се доделени Вам? Која била потребата од носењето на тие одлуки, кои Владата ги разгледувала на седница и утврдила да ви се доделат Вам?”

,,Должна сум да ја информиран јавноста,-рече министерката, дека веднаш по повторното превземање на функцијата министер за труд и социјална политика, формирав комисија за вонреден попис на возниот парк и моторните возила на министерството. Комисијата констатираше дека за 7 возила не е направен физички попис , меѓу кои и 4 на Аврм, бидејќи истите се доделени со одлука на Влада на Агенцијата за вработување. Тоа е констатирано и во извештајот кој го подготви Комисијата за попис. Уште еден факт говори спротивно на она што вие изјавивте во текот на вчерашниот ден дека министерството ги поседува 4-те возила меѓу кои и Туарегот, тие никаде не фигурираат во прегледот на регистрирани и осигурани возила од страна на Министерството за труд и социјална политика”-информираше Ременски.

,,Затоа јавно ве повикувам, да имате доблест и да понесете одговорност за настанот кој предизвика огромен јавен интерес и му наштети на угледот на оваа институција, која наспроти овој Ваш луксуз, секојдневно се труди да ги реши и најгорливите прашања на многу категории на граѓани, меѓу кои и најзагрозените социјални случаеви. Ве повикувам јавно, да престанете да плетете мрежа од лаги, и пред да се повлечете од функциите кои ги вршите, да ги дадете вистинските одговори кои граѓаните ги очекуваат од вас. За тоа сте должни!”-рече во своето обраќање министерката Фросина Ременски.