Остра полемика меѓу Рама и Вучиќ за ,,Трепча”

Со посетата на Белград, албанскиот премиер го крши мразот меѓу двете земји. Но, дефинитивно, прашањата околу Косово остануваат камен на сопнување и несогласување. На Форумот за безбедност во Белград, жестока полемика предизвика начинот на кој беше конфискуван рударско-енергетскиот комбинат Трепча од страна на Приштина. Рама реагираше и за апсењето на косповскиот шеф на полиција, кој се уште се наоѓа во притвор во Србија, откако беше уапсен пред десетина дена по меѓународна потерница објавена од Белград за злосторства против српското населени за време на кризата кон крајот нан деведесетите години.

Инаку, како што извести МИА, Рама претходно рекол дека процесот на евроинтеграции не е пат на заминување некаде, туку тоа е пат на модернизација на нашето општество што ќе ни помогне да ги раскинеме врските со лошото минато.

Во обраќање на шестиот Белградски безбедносен форум, Рама изјави дека процесот на евроинтеграции во овој момент е многу поважен од членството во ЕУ, бидејќи на „нашите народи им помага да изградат држави кои никогаш од аголот на ефикасни институции, немале владеење на правото, функционална демократија, општества кои имаат енергија за натпреварување, успех, па и неуспех зад кој повторно ќе следи успех“.

Како што јави Танјуг, кога станува збор за реформата на правосудството во Албанија, Рама рече дека е сторено нешто што било незамисливо за оваа земја – да се спроведат уставни реформи и да се донесат бројни закони кои радикално го прекинале односот со лошото минато.

– И на сите им е јасна една работа, дека тоа не ќе беше можно без механизмот на евроинтеграциите – потенцира Рама.

Во обраќањето на истиот форум, српскиот премиер Александар Вучиќ рече дека не се срами да каже дека сака Србија да има подобри врски со Албанците, Босанците и другите народи од регионот.

– Гледам дека потенцијално гледано имаме подобар раст од мнозинството земји членки, имаме голем потенцијал во иднина и тоа ќе го направиме заедно, бидејќи ако одиме едни против други тогаш немаме шанси изјави Вучиќ

На панелот во рамки на Белградскиот безбедносен форум и Вучиќ оцени дека „со подобри политички врски во иднина нема сомнеж дека ќе се приближиме до Европската Унија, кон што тежнеат сите земји од регионот“.