Првата муслиманска молитва во ,,Аја Софија“(СВ. Софија), црквата музеј во Истанбул, која со одлука на Уставниот суд на Турција повторно стана џамија и се отвори за муслиманските верници по 86 години, се пренесува во живо на интернет и на тв каналите. Пред верскиот објект се поставени видео бимови, а молотвата на имамот се пренесува на разглас.

Околу ,,Св. Софија“ бројни верници се молат, а во самиот објект е лимитиран влезот поради епидемијата на Ковид 19.

За време на муслиманските молитви фреските ќе се прекриваат со платно, а во остатокот од времете, ,,Аја Софија“ повторно ќе биде достапна за туристите.

Овој објект е под заштита на УНЕСКО, како светско културно наследство, но по новиот статус на иницијатива на претседателот Ердоган, ќе се разгледа неговата натамошна судбина ана аовој план.

Аја Софија беше претворена во музеј во 1934 година со декрет на тогашниот претседател Мустафа Кемал Ататурк и во меѓувреме стана најпосетуваната туристичка атракција во Турција.

Фото и видео:АА Анадолија