Отворена новата опера во Хамбург вредна 798 милиони евра!

 

На свечениот концерт по  повод отворањето на  новата опера, беа изведени  дела од Бетовен, Вагнер, Кавалијери. Концертната сала со 2.100 места изгледа величествено и осмислена е  така што ниту еден гледач од публиката да не биде одалечен 30 метри од диригентот.

Со совршена акустика и   дискретна отменост и елеганција, во модерен стил, сместена веднаш покрај реката Елба, зградата се наоѓа всушност на местото на еден стар магацин.

Работите беа планирани да завршат во 2010 година, но се пролонгираа дури 7 години, но на задоволство на сите , новата куќа на операта конечно е отворена за посетителите.

Според  првобитните  планови на  швајцарската  архитектонска фирма “Herzog & De Meuron”,  зградата требаше да чини  186 милиони евра, но заради пролонгирањето цената достигна фантастични 798 милиони евра!

Концертите за оваа сезона веќе се распродадени.

 

Преземено од РТС