Отворено писмо од оперската првенка Весна Ѓиновска Илкова до премиерот Заев: Постои големо незадоволство!


Отворено писмо до премиерот Зоран Заев од оперската првенка Весна Ѓиновска Илкова

,,Почитиван премиер, поради фактот што синдикатот на Национална Опера и Балет НЕ се избори за нашата положба за изедначување на оперските првенци, хорот, оркестарот , режисерите, сценските работници…со балетската фела,во мојата институција постои огромно незадоволство.
Ние како репродуктивни уметници ја создаваме нашата работа на сцената,во моментот, овде и сега. И секоја изведба е различна. Нема вистинска реприза.

Вршиме иста дејност, иста работа, подеднаква тежина. Дотолку повеќе што се броиме на прсти ние кои имаме и меѓународни кариери.
Носиме голема тежина на работата, големи стресови и одговорности за оправдување на секоја позиција.
Понатаму, хорот и оркестарот се единки без кои не можеме да направиме ништо.
И тие се обесправени, и јасно е нивното незадоволство.

Диригентите се тие кои ја водат целата музика на сцената. Режисерите се тие кои исто создаваат своја слика на сцената.
Комлексна е нашата работа , Ве уверувам.
Сега сме оставени да се бориме сами и верувам ќе имаме разбирање.

Не сакам веќе поделби. Доста беше.

Реагирано е на сите инстанци. И до министерството, и до владата.
Во трка со времето, Ви се обраќам јавно.Борец сум во животот и на сцената.
Помогнете да ја исправиме неправдата.

Со почит,
Весна Ѓиновска Илкова првенец,
магистер и редовен професор на ФМУ“-се вели во отвореното писмо.