Отец Пимен ,,распнат“ на неговиот ФБ профил по јавната поддршка на референдумот

Отец Пимен, кој е дел од кампањата на Собрание на РМ за поддршка на референдумот, е цел на жестоки и бескруполозни напади од корисници на социјалните мрежи. Тие  постираат највулгарни напади и коментари со осуди за неговата постапка.

На ова, Отец Пимен одговори:

,,Кога јавно ќе искажеш став (правилен или погрешен ќе покаже историјата, а дотогаш бадијала ќе се кршат копја) свесен си дека право на свој став имаат и сите луѓе кои живеат во демократско општество. Очекуваш и дека ќе има и мајки и шајки и дискредитации и исмевања и лутења и плукања.
Додуша очекуваш и малку поаргументирани ставови во таа борба на мислења, ама сфаќаш дека првин се учи домашна култура, па потоа демократија.
Во некој стадиум на демократијата се раѓа и патриотизмот (да си ја сакаш татковината и твоите по род).
И бираш Стар или Нов Завет за да одговориш со око или со образ. И нормално им посакуваш
Бидете ми живи и здрави!“-пишува Отец Пимен.

Неговите критичари пак, му порачуваат:

,,И да го дадеш (гласот ЗА на рефрендумот)… како инаку ќе те бричиме … на суво .. и така никој не те есапи !!!“-му пишува Зоран Узунов.

Други пак го прогласуваат за предавник, му упатуваат клетви, бараат да ја симне свештеничката мантија….

Отец Пимен во спот повикува да се излезе и да се гласа ЗА на референдумот: