Отец Пимен: Специјално за вас прекрасни луѓе

,,СПЕЦИЈАЛНО за вас прекрасни луѓе“-со оваа порака Отец Пимен ги поздрави вчера своите ФБ пријатели. На фотографијата, во опуштена атмосфера, може да се види, покрај него и Биба Додева, и Специјалната обвинителка Катица Јанева.

Без да навлегуваме или да истражуваме, каде и зошто се случило дружењето, бидејќи е од приватен карактер, сепак, со објавувањето на својот ФБ профил отецот очигледно сакал да ја покаже својата поддршка кон обвинителката. Но, неговото обраќање кон сите добри или прекрасни луѓе, не ги спречи злобните и во најмала рака неприфатливи коментари на некои лоши луѓе, кои не се двоумеле да посакаат нечија болест или смрт дури и на профил на црковен великодостојник.

Она што можеме ние да заклучиме е дека Отец Пимен испрати СПЕЦИЈАЛНА порака и дека Јанева и Додева навистина си личат. Впрочем , Биба тоа и најдобро го покажа на неодамнешната Златна Буба Мара, пеејќи ,,Ние сме СЈО“.

 

Фото: Фотографијата е преземена од ФБ профилот на Отец Пимен