Откако ги исекоа дрвјата, медиумската војска на ВМРО ДПМНЕ бара од Жерновски ,,Центар да дише“

Медиумите под контрола на ВМРО ДПМНЕ спроведуваат кампања ,,за воздух“ во општина Центар и тоа откако под налетот на градежните апетити на Никола Груевски беа исечени речиси сите дрвја , како и преорани зеленилото и паркчињата низ Центарот на Скопје.

Медиумите блиски на ВМРО ДПМНЕ, синхронизирано, преземаат кампања на тазе направена  фан страницата на Фејсбук „Центар сака да дише“, која според она што го пренесуваат овој корпус медиуми, ,,го изразува револтот од работата на градоначалникот Андреј Жерновски, кој и покрај тоа што вети дека нема да се гради во Центар, издал 10-тина решенија за градба само во текот на последниот месец“.

И тоа не би било чудно, напротив, доколку не е дволична кампања и смислен пандан на кампањата ,,Аеродром сака да дише“.

Од ,,Центар сака да дише“ му  порачаа на Жерновски дека е срамно преку соопштенија на општина Центар да шири лажни вести и обвинувања наместо да даде одговори.

-Господине Жерновски кажете колку одобренија за градба во Дебар маало потпишавте откако сте градоначалник на општина Центар , нашите податоци се дека се 10 – тина само последниов месец, заради транспарентноста спрема граѓаните должни сте да дадете одговор наместо да обвинувате, пишува на  Фејсбук групата  „Центар сака да дише“, а пренесуваат сите про-вмровски медиуми.

Засилената кампања против Жерновски кулминираше по сечењето на зимзелените дрвја од Град Скопје околу ГТЦ и неговата реакција на осуда на овој  несфатлив потег.
,,Се работи за оформени, високи и здрави садници, кои го красеа овој дел на централното градско подрачје повеќе од триесетина години. Ова беше единствената зелена оаза која се наоѓаше сред бетонот.
Садниците се исечени од ЈП „Паркови и зеленило“, со налог од Град Скопје. Кому и зошто му пречеше зеленилото кое го красеше просторот и беше место за починка на граѓаните?
Општина Центар не беше ниту известена за ова ирационално уништување на зеленилото.
Основна цел на сите треба да ни биде задржување на постојното и засадување ново зеленило и дрвја.
Во периодот од доаѓање на новото општинско раководство во Центар, обновени се 70.000 м2 зелени површини и засадени се 255 нови високошколувани дрвја“-реагираше Жерновски.

Но, познатата метода на партијата ВМРО ДПМНЕ да спроведе медиумска кампања обратно пропорционална на она што тие го прават во пракса е нивното главно оружје за манипулација.

За потсетување, за потребите на оваа партија и спроведување на градежните амбиции на дел од раководството, беа уништени  паркчињата , зеленилото и дрвјата во околината на хотел ,,Бристол„. Соголен целиот централен градски плоштад за да се изгради Скопје 2014.

,,Плоштад Слобода„ пред неколку години направи студија што се е уништено за поттребите на мегаломанскиот проект Скопје 2104.

За потребите на овој ,,проект“ беа уништени  цели мини-паркови . Паркот кај домот на АРМ, кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, кај Домот на синдикатите, две зазеленети парцели на плоштад Македонија, цели делови од паркот Жена – Борец, како и парковите и зеленилото пред влезот на главната Пошта, беа уништени не заради стари и болни дрвја, туку заради проектот Скопје 2014, но и приватни инвестиции на инвеститори блиски до ВМРО ДПМНЕ.

Ваквата тенденција за уништување на дрвниот фонд за три години  ги скрати крошните за уште 8 проценти, или вкупно 25 отсто за периодот 2002-2017 година. А, помали крошни значат и поголемо аерозагадување, а влијаат и на температурата и бучавата.Проценките на оваа група е дека трендот на градење во последната деценија „изел“ дури 50 отсто од постојното зеленило во опфатот на строгиот центар. Во делот на Малиот ринг во 2002 година имало 75.649 квадрати зелени површини, а до 2013 драстично се намалиле  само  на 34.994 квадрати. Доколку продолжи истата динамика на подигнување објекти врз зелени појаси, до 2017 година би останале само 18.680 квадрати зеленило, односно 3,4 отсто од целиот ДУП Мал ринг. Површината на крошните на дрвјата, пак, од 2002 до лани се намалила за 20 отсто, што е директен резултат на континуирано сечење високи разгранети дрвја стари по 50-60 години. Ваквата тенденција за уништување на дрвниот фонд за три години би ги скратила крошните за уште 8 проценти, или вкупно 25 отсто за периодот 2002-2017 година. А, помали крошни значат и поголемо аерозагадување, а влијаат и на температурата во градот, стои во оваа студија изработена пред неколку години.

Состојбата на овој план во 2017 година, се разбира е уште полоша.

 

АКО.мк

Фото: Фотомонтажа на ФБ групата ,,Центар сака да дише„