Откако никој не ги прими во ВМРО ДПМНЕ, извикнувајќи УА, демонстрантите заминаа (видео)

Група демонстранти кои протестираа пред Собранието за време на гласањето на Договорот за името постигнат со Грција, се упатија кон седиштетео на опозициската ВМРО ДПМНЕ, за да побараат нивните пратеници да дадат оставки и да не учествуваат повеќе во работата на овој Парламент.
Тие побараа средба со претседателот на партијата Христијан Мицкоски, но никој не ги прими.

Ова ги изреволтира дополнително, па почнаа да свиркаат и да извикнуваат УА, а еден од присутните ја покажуваше партиската книшка и луто повторуваше дека ова не е неговото ВМРО, покажувајжи притоа кон Белата палата на партијата. Се слушнаа и други критички коментари, а иселеникот Нестор Огинар, кој присуствува на протестите што се одржуваат деновиве, побара да се симнат ,,светите“ букви ВМРО и да не се злоупотребуваат.

Потоа демонстрантите го напуштија платото пред седиштетео на ВМРО ДПМНЕ.

Партиското седиште на опозициската ВМРО ДПМНЕ, беше обезбедувано од бројни полициски сили.

(Видеото е преземено од а1 он)