Масовниот егзекутор, кој по терористичките напади во Крајстчрч во Нов Зеланд набргу беше уапсен и изведен пред суд, засега има обвинение за убиство, но се очекува на следното судско рочиште закажано за 5 април против него да бидат покренати и други обвиненија. Тој не се изјасни пред судот. Неговиот лик е заштитен, но од фотографиите јасно се гледа дека покрај тоа што е мирен и без посебни емоции, тој со едната рака, иако е врзан со лисици, го прави овој симбол:
Симболот со палецот и показалец во круг и три исправени прсти

Овој симбол го употребуваат така наречените ,,бели супрематисти“, кои се залагаат за свет без други бои на кожата и важат за екстремни расисти.

Официјалните правосудни органи во Нов Зеланд, и во вакви екстремни случаи, како што е масовното убиство и терористичкиот напад на двете џамии, ја почитува презумпцијата на невиност и неговиот идентитет е целосно заштитен што се гледа од ова видео.