Откриен е медицински отпад во контејнер

Во изминатото деноноќие дежурните Комунални редари од Инспекторатот на Град Скопје открија недозволено одложување на медицински отпад во сад за комунален смет.

Веднаш бил повикан Инспектор за животна средина од Град Скопје како и Инспектор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, од страна на ЈП Комунална хигиена присутна беше Еко Патрола. Местото беше обезбедено и веднаш била повикана комуналната компанија Еко Клуб која изврши подигање и дезинфекција на комуналниот сад.

Постапката е во тек, против прекршителот ќе бидат поведени соодветни постапки.