Отпуштените ќе го тужат МПМ

20 отпуштени, од кои повеќето новинари, ќе го тужат МПМ бидејќи се уште не им се исплатени отпремнините, иако е поминат и законскиот рок.

Дел од новинарите на ,,Вест” кои беа прогласени за технолошки вишок пред два месеца, за Актуелно велат дека минатата недела доставиле опомена до менаџментот на МПМ, но бидејќи парите се уште не им се исплатени, тие се приморани да ги бараат по судски пат.

Тие се револтирани бидејќи, како што велат, не можат да си ги добијат отпремнините што законски им следуваат и тоа од најбогатиот македонец според последната листа на ФОРБС и од претендентот за генсек на ОН, кој не успеа во своите намери, но беше поддржан финансиски од буџетот на државата.

Кон крајот на летото беа отпуштени или прогласени за технолошки вишок дваесетина новинари и други вработени во изданијата на МПМ, а во весникот Вест на нивно место веднаш беа донесени  други .

Лани во септември, компанијата МПМ и Графички центар Скопје, соптвеници на сите изданија Вест, Дневник, Утрински,Теа модерна, Македонски спорт, како и на агенцијата Телеграф, им ги намали платите, скалесто и тоа  на дел од  вработените. Тогаш објаснуваа дека тоа е  времена одлука со траење од 6 месеци. Намалувањето од   10% – 20% -30%  беше само за стотина вработени, кои ја чинат компанијата од 20 000 до 500 000 денари месечно по вработен, а на останатите вработени кои ја чинат компанијата до 20 000 денари им ги задржа истите плати.

 

%d1%83%d1%82%d1%80

 

Компанијата МПМ и Графички Центар Скопје тогаш имаа 550 редовно вработени луѓе.

 

Менаџментот тогаш објаснуваше дека  економската ситуација во државата никогаш не била проблем за МПМ затоа што тие како најголема медиумска куќа функционираат и работат според светските деловни стандарди.

Ги уверуваа новинарите кои излегоа на штрајк дека нема да има отпуштање, туку само рационализација на трошоците.

Во меѓувреме дваесетина од нив беа отпуштени, но веднаш заменети за нови. Сега менаџментот најавува нови отпуштања или згаснување на Утрински весник.

 

 

Во историјатот за МПМ кој стои на сајтот на компанијата стои дека Медиа Принт Македонија“ (МПМ) на македонскиот медиумски пазар е присутна од 2004 година. Таа е основана по влезот на реномираната германска медиумска групација ВАЦ (WAZ – Westdeutsche Allgemeine Zeitung) со седиште во Есен, Германија на македонскиот пазар како мнозински содружник во издавачките куќи Круг, Мост и Огледало.

Како сопственик на уделите во издавачките куќи Круг (100%), Мост (100%) и Огледало (75%) се појавува Ост Холдинг од Виена, ќерка фирма на ВАЦ.

Портфолиото на услуги на “Медиа Принт Македонија“ во 2004 година се збогати за услугата печатење преку стекнувањето на мнозински удел во печатницата Графички центар Скопје. Во 2005 година Ост Холдинг стана единствен сопственик на Графички центар Скопје со 100% удел во друштвото.

Кон семејството на МПМ во јуни 2006 година се приклучи и издавачката куќа Планет Прес, која го издава најтиражниот неделник ТЕА Модерна. Ост Холдинг во издавачката куќа Планет прес стекна сопственост од 100%.

Од почетокот на 2012 година “Медиа Принт Македонија“ стана дел од корпорацијата Орка Холдинг. До крајот на 2012 година сопственичката структура се измени со што денес Медиа Принт Македонија е во сопственост на три субјекта: корпорацијата Орка Холдинг, Интернет Груп Инвестмент како и Мирекс Плус.

 

jana_1d-r-srgjan-kerim-siva-pozadina-1

Долгогодишна директорка во МПМ е Јана Станисављева, а Претседател на УО Срѓан Керим.

 

 

 Е.Л.