Отпуштен работник уби најмалку 12 колеги и граѓани во локална администрација во Вирџинија

Во напад со автоматско оружје во зградата на локаланта власт во градот Вирџинија Биџ во сојузната американска држава Вирџинија, отпуштен административец уби најмалку 12 колеги и граѓани кои случајно се затекле тука и рани повеќемина.

Како што известуваат американските медиуми, напаѓачот бил вооружен со пиштол калибар 45 со придушувач , а со себе имал шаржери кои ги менувал во текот на пукањето.

Еден полицаец е ранет во текот на пукањето, но панцирот што го носел на себе му го спасил животот.

Напаѓачот е убиен во престрелката.

Медиумите го опишуваат како ,,разочаран долгогодишен работник во локаланата администрација кој добил отказ“.