Отров во Карпош!

Во Карпош се измерени 1218 мг на метар кубен ПМ честички!

Показателите на интернет страницата Мој воздух, која ги презема податоците за мерење на квалитетот на воздухот од мерните станици на Министерство за екологија покажуваат фрапантни податоци од 21 часот. Во Карпош се измерени 1218 ПМ честички на метар кубен воздух. Максимално дозволено количество е 50 мг.

И во другите скопски општини воздухот е во катастрофална состојба , а загаденоста се движи во Лисиче 638, Центар 479, Ректорат 754…

Скопје е обвиткано со магла, што дополнително ја отежнува состојбата со загаденоста.

Досега не се преземени никакви мерки од надлежните за подобрување на состојбата со квалитетот на воздухот.

 

ако.мк