ОФИЦИЈАЛНО : Годин е нов играч на Интер

Интер го потврди договорот со Диего Годин кој потпишал верност со тимот од Милано до 2022 година. Интер на твитер  му посака добредојде на дефанзивецот  кој има 33 години и доаѓа од екипата на  Атлетико Мадрид.

Во клубот од Шпанија тој играше од 2010 година се до денеска, настапи на 277 меча, постигна 17 голови, се очекува да биде супер тандем со Крињар во новата сезона во калчо лигата, Лигата на шампионите  и Купот на Италија.