Официјално објавена кандидатурата на Наташа Петровска за градоначалник на Битола

Пратеникот и претседател на ОО на СДСМ од Битола, Васко Ковачевски,официјално ја објави кандидатурата на Наташа Петровска за градоначалник на Битола.

,,Почитувани битолчани,
СДСМ и коалицијата ја номинираат професорката НАТАША ПЕТРОВСКА како кандидат за Градоначалник на Општина Битола.
Сите наши 12 номинирани можни кандидати, секој на свој начин ја имаше изготвено предлог програмата и визијата за Битола. Честитки за сите нив!
Заедно со граѓаните, на овие локални избори уште во прв круг ќе се избориме за уште една победа.
Битола, позната како најградскиот град, ќе добие жена Градоначалник.
Битола заслужува повеќе и подобро!“-напиша Ковачевски на ФБ.