Официјално отворен автопатот Демир Капија – Смоквица, новата автопатска делница, која е во рамки на коридорот 10, е дел од вкупните вложувања на Европската Унија во транспортната инфраструктура на земјата, кои во изминатите неколку години достигнаа речиси 325 милиони евра.

Новиот автопат од Демир Капија до Смоквица во должина од 28,2 километри обезбедува значително скратување на времето на патување, ја зголемува безбедноста за сите учесници во сообраќајот и создава услови за динамизирање на транспортот и трговијата, како и натамошен развој на целокупната економија.

Ова се клучните придобивки за земјата, нејзините граѓани и деловни субјекти од новиот автопат во чија изградба се вложени вкупно 227 милиони евра, беше речено на отворањето.