Охрид гласаше за кандидатот на СДСМ за градоначалник и за Силјановска Давкова за претседател

Градоначалничките избори во три општина се во сенка на претседателските избори. Но, интересно е да се види како стојат на терен кандидатите за градоначалници.

Во Охрид води кандидатот на СДСМ, Георгиевски со 46 проценти од гласовите, а по него е кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Милошевски,со 39 проценти.

Но, Гордана Силјановска Давкова има 47 проценти, а Пендаровски 43 проценти од гласовите.